ЗОШТО ДА АНГАЖИРАТЕ БРОКЕР? | |
Брокерот е самостоен и независен експерт од областа на осигурувањето на имот и лица со повеќегодишно искуство. Брокерот има склучени договори за соработка со сите осигурителни компании на територијата на Република Македонија. Таквата позиција му овозможува на најдобар можен начин да ги застапува интересите на својот клиент. Соработката со брокерот, која не бара никаков финансиски надомест од Ваша страна, може значајно да Ви заштеди време и ресурси кои инаку би морале да ги ангажирате. | |
КОЈ ГО ПЛАЌА БРОКЕРОТ? | |
Брокерската услуга брокерот ја наплаќа од осигурувачот (осигурителната компанија). | |
КОИ РИЗИЦИ ГИ ОПФАЌА ДОМАЌИНСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ? | |
Со овој вид на осигурување се покриени следните ризици:
|
|
ШТО ОЗНАЧУВА ПОИМОТ ФРАНШИЗА? | |
Поимот 'франшиза' означува учество на осигуреникот во паричниот износ на надоместот на штетата. На пример, доколу имате каско-осигурување со франшиза од 500 евра, а настане штета во износ од 700 евра, ќе Ви бидат исплатени само 200 евра од осигурителната компанија, бидејќи Вашето учество е 500 евра. |
|
ДАЛИ ПОЛИСАТА ЗА КАСКО-ОСИГУРУВАЊЕ ВАЖИ ВО СЛУЧАЈ НА ПРОМЕНА НА СОПСТВЕНИКОТ НА ВОЗИЛОТО? | |
Во случај на промена на сопственикот на осигуреното возило во текот на траење на каско-осигурувањето, истото престанува да важи, т.е. правата и обврските од каско-полисата не се пренесуваат на новиот сопственик. На стариот сопственик му се враќа неискористениот дел од премијата (доколку во изминатиот период немал пријавено штета), а новиот сопственик е потребно да склучи нова полиса. | |
КАКО СЕ ОПРЕДЕЛУВА ВРЕДНОСТА НА ОДРЕДЕН ГРАДЕЖЕН ОБЈЕКТ КОЈ Е ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ? | |
Вредноста на градежниот објект се определува според неговата градежна вредност, односно тоа е износот што во случај на штета би бил доволен за оштетениот градежен објект да се доведе во првобитната состојба во која се наоѓал при приемот во осигурување. |