ОСИГУРУВАЊЕ НА ИМОТ
Се сеќавате ли како го уредувавте домот? Како со многу ентузијам го биравте мебелот и како се радувавте кога на крајот во него се беше онака како што замисливте?
А што е со Вашата компанија? Сега кога конечно се преселивте нови и поубави простории и купивте нова опрема....
Дали го заштитивте она на кое толку напорно работевте? Ѕидовите, предметите, секавањата...
Во Мобилити Брокер на едно место на располагање Ви се сите видови и пакети за осигурување на домаќинства и имот, достапни од сите осигурителни компании во Р.Македонија.
Осигурување на домаќинства
Осигурувајќи го своето домаќинство и предметите во него, што и да се случи Вашиот живот ќе продолжи безгрижно и без дополнителни и непредвидени трошоци.
Осигурувањето на домаќинства подразбира осигурување на:
- Станбени објекти, станови и индивидуални згради, како градежни објекти со вградената електрична, топловодна, водоводна и канализациона инсталација кои служат за живеење
- Предмети во домаќинството , предмети кои служат за уредување на станот и предмети за лична употреба, кои се наоѓаат во осигурениот станбен објект и му служат за користење на осигуреникот или членовите на неговото семејно домаѓинство
- Одговорност за штета причинета од и спрема трети лица
- Подмирување на трошоци за нужно сместување на осигуреникот и неговото семејство, кога станот е оштетен до степен да не е погоден за живеење.
Сума на осигурување на градежните објекти е вредноста на објектот. Предметите во домаќинството се осигуруваат на сума во висина од 30% од вредноста на градежниот објект.
Осигурувањето на домаќинства вклучува осигурување од следните основни опасности (ризици):
- Пожар
- Удар на гром
- Експлозија, освен нуклеарна експлозија и радиоактивна контаминација
- Бура
- Град
- Јавни манифестации и демонстрации
- Паѓање на воздушни летала
- Излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации
- Излевање на вода од уреди и цевки за топловодни инсталации
- Провална кражба и разбојништво, освен во ненаселени станови и викенд куќи, до колку тоа посебно не е договорено.
Покрај овие, а при дополнителна премија, осигурувањето на домаќинства може да вклучува осигурување и од следните дополнителни опасности (ризици):
- Поплава, порој и високи води
- Лизгање и одронување на земјиште
- Снежна лавина
- Кршење стакло
ФОРМУЛАР ЗА ДОМАЌИНСКО ОСИГУРУВАЊЕ
Осигурување на имот
Осигурувањето на имот подразбира осигурување на:
- Семејна куќа, стан, помошни објекти, економски објекти, викенд куќа, подни и ѕидни облоги, стакла на врати и прозори, вградени инсталации, котли и вградени печки, бојлери и санитарни уреди во тие објекти
- Објекти во изградба и објекти и опрема во монтажа (целиот материјал, опрема и сите работи на објектот во изградба и машини, уреди и инсталации кои се монтираат)
- Предмети од домаќинство, пари и скапоцености, уметнички предмети и сл.
- Машини, опрема, залихи и пари.
Осигурувањето на имот вклучува осигурување од следните основни опасности (ризици):
- Пожар
- Удар на гром
- Експлозија, освен нуклеарна експлозија и радиоактивна контаминација
- Бура
- Град
- Поплава или потоп
- Јавни манифестации и демонстрации
- Излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации
- Лизгање и одронување на земјиште
- Снежна лавина
Провална кражба и разбојништво
Право на надомест
Доколку договорот за осигурување на домаќинство или осигурување на имот е направен со посредство на Мобилити Брокер, во случај на настанување на штета, Мобилити Брокер без надомест ќе посредува и ќе Ве застапува пред осигурителните компании за брз и соодветен надомест на настанатата штета.
За остварување на правото на надомест по основа на договор за осигурување на домаќинство или осигурување на имот, потребно е:
- Штетата да е настаната во период за кој имате покритие по конкретната полиса за осигурување
- Да пријавите штета во друштвото за осигурување што побрзо, а најдоцна во рок предвиден со условите на осигурување
- Да превземете мерки да ги ограничите штетните последици и да ја намалите штетата
- Да го известите надлежниот орган (полицијата, пожарникарна служба и сл.) за настанување на штетата
Да обезбедите доказ за претрпената штета.