ОСИГУРУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ
И покрај Вашата желба и труд да ги држите Вашите работи под Ваша контрола и сигурност, секогаш постои можност за појава на грешка. Ако притоа последиците од таа грешка ги претрпи некое трето лице, се поставува прашањето за Вашата законска одговорност за настанатата материјална и нематеријална штета. Барањата за обештетување поднесени против Вашата фирма или против поединци можат да бидат високи, посебно кога станува збор за нематеријалните штети кои не се лимитирани со опипливи вредности. Основаните барања ќе се реализираат и притоа ќе Ви нанесат финансиски загуби, а неоснованите, пак, ќе Ви потрошат време и енергија.
Предмет на осигурување е законската одговорност на осигуреникот за штета настаната со смрт, повреда на телото или здравјето, како и оштетување или уништување на ствари на трето лице.
Со ова осигурување се покрива штета која настанала од Вашата дејност и активности и/или поседување на ствари и/или од Вашиот правен однос и/или од одредено својство како извор на опасност.
Осигурувањето се склучува на сума на осигурување која ја претставува горната граница за надомест на штета по еден штетен настан. Покрај неа постои и агрегатна сума на осигурување која ја претставува вкупната обврска на осигурувачот за целиот период на траење на осигурувањето и таа е предмет на договор.
Изборот на сумата на осигурување е многу битен во овој случај, бидејќи истовремено претставува и износ до кој по претпоставка можат да бидат барањата за отштета на третите лица.
ОСИГУРУВАЊЕТО ОД ОДГОВОРНОСТ ГИ ОПФАЌА СЛЕДНИТЕ ПОТКЛАСИ: