Осигурителното брокерско друштво МОБИЛИТИ БРОКЕР АД Скопје е Ваш консултант, посредник и застапник за сите работи и прашања од сферата на осигурувањето, кој Ве застапува пред осигурителните компании и бара најсоодветна понуда за осигурување според Вашите потреби.
Неговата дејност е дефинирана со Законот за супервизија на осигурување.
Нашата основна цел е да обезбедиме професионална, брза, квалитетна и целосна заштита на имотот на нашите сегашни и идни клиенти. Повеќегодишното искуство на нашите вработени во областа на осигурувањето е најдобра гаранција дека како посредници при склучување на договорот за осигурување ќе обезбедиме комплетна и квалитетна услуга, сервис и решавање на штети за сите видови осигурување.
Листата на нашите клиенти, меѓу кои се реномирани домашни и странски компании, државни установи и институции, е наша најдобра препорака.
Услугите на брокерот се бесплатни.

 НАША МИСИЈА

 НАША ВИЗИЈА

Преку почитување на највисоките етички стандарди и задоволување на барањата, потребите и очекувањата на нашите клиенти на највисоко ниво, да ја преземеме лидерската позиција меѓу брокерските друштва на осигурителниот пазар во Македонија.
Секојдневното работење и животот носат многу непредвидливи ризици. Затоа сме сме ние тука, да Ви го понудиме најсоодветното осигурително решение, нудејќи ги сите видови на осигурување.

НАЧИН НА РАБОТА:

КЛИЕНТ НАЛОГ МОБИЛИТИ БРОКЕР