ОСИГУРУВАЊЕ ОД АВТОМОБИЛСКА ОДГОВОРНОСТ
За да се заштитат третите лица и нивниот имот од последици на сообраќајна незгода, сопствениците на моторни возила се должни, според законот, да склучат полиса за осигурување од автомобилска одговорност, со што се осигурува надоместот за штети кои ќе настанат како последица на сообраќајна незгода.
Со купувањето полиса за автомобилска одговорност Вие сте си ја осигуриле Вашата одговорност кон другите учесници во сообраќајот. Сите материјални и нематеријални штети кои се последица на сообраќајна незгода нема да претставуваат Ваша обврска, туку обврска на осигурителната компанија од која сте ја одбрале Вашата полиса.
ЗЕЛЕН КАРТОН
ОСИГУРУВАЊЕ НА ПАТНИЦИ ВО ЈАВЕН ПРЕВОЗ ОД ПОСЛЕДИЦИ НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ
Задолжителното осигурување на патници во јавен превоз од последици на несреќен случај се спроведува согласно одредбите од Законот за задолжително осигурување во сообраќајот и Условите за осигурување на лица од последици на несреќен случај.
Осигурените суми од оваа тарифа се сметаат за минимални, пресметани во денарска противредност по курсот на НБРМ на денот на уплатата.
Минималните осигурени суми за еден патник се следните:
- 4.500 евра во случај на смрт,
- 9.000 евра во случај на трајно губење на општата работна способност,
- 2.200 евра во случај на преодна неспособност за работа и нужни трошоци за лекување